Марио Младеновски го предводеше Вараждин до голема победа од 2-1 на дуелот со Хајдук на отворањето на новата сезона од хрватскиот шампионат.
Македонскиот дефанзивец не само што маестрално командуваше со одбранбената линија на Вараждин, туку и успеа да се запише меѓу стрелците носејќи го домашниот тим до предност од 1-0.
Хајдук набрзина израмни преку Пукшташ, а Мамиќ го врати Вараждин во водство по големата грешка на гостинските дефанзивци.
Гостите од Сплит имаа одлична можност да стигнат до израмнување по досудениот пенал во 89. минута, но Ливаја беше запрен од голманот Силиќ, за голема победа на Вараждин на овој натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
