Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, кој важи за еден од најдобрите, ако не и најдобар напаѓач на светот во моментов, рече дека Баерн Минхен е неговиот најнезгоден противнички тим.
Откако потпиша за Борусија Дортмунд, Халанд редовно ги тресе противичките мрежи, и на Баерн му дава голови, но уште се нема израдувано на победа против германскиот првак.
„Ван Дајк е навистина добар, висок, силен, брз, одлично ја чита играта. Мислам дека немам добиено ниту еден дуел против него. Тој ми беше најтежок личен ривал, а од тимовите, би рекол дека е Баерн, бидејќи никогаш не сум победил против нив. Мислам дека имам играно шест пати против Баерн и секогаш губам“, вели Халанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА