Халанд до „милионерите“: Немојте да ме тепате…

Синоќа се одигра интересен натпревар на „Етихад“ меѓу Манчестер Сити и Борусија Дортмунд. Целиот фокус беше кон Ерлинг Халанд кој на крајот со гол ја донесе победата на својот тим против својата поранешна екипа.

Иако го немаше никаде до 60. минута, потоа се закани со една шанса, а во 84. минута го направи пресвртот со прекрасен гол. Не се редуваше од почит кон својот поранешен тим.

За „деветката“ на Сити ова беше 13 гол во девет одиграни мечеви. По завршувањето на мечот имал средба со стручниот штаб на Борусија, и им се „извини“.

„Немојте да ме истепате сега…“, во шега им кажа Халанд.

Се вчитува...