Гласањето за претседател на Реал Мадрид е закажано за три дена, а Енрике Рикелме нема намера да се предаде во борбата со Флорентино Перез.
Успешниот бизнисмен го критикуваше начинот на раководење на досегашниот претседател, воедно и најави трансфер-бомба, Ерлин Халанд ќе дојде во Реал Мадрид летово ако тој биде избран за претседател.
„Ако јас сум прв човек на Реал, Халанд 100% доаѓа во Мадрид. Можам да го потпишам тоа сега, со гаранција“, самоуверено изјави претседателскиот кандидат, иако Ерлинг има договор со Манчестер Сити до 2034 година.
Воедно, Енрике најави дека со себе како спортски директор ќе го доведе Раул Гонзалес, додека улогата на прв човек на младинската академија ќе му биде доделена на уште еден поранешен капитен на Реал, Фернандо Јеро.
Анкетите велат дека Флорентино Перез е во голема предност во пресрет на гласањето, но останува да се види дали ветувањето за Халанд може да го промени расположението меѓу гласачите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
