Борусија потврди: Халанд доби слободни денови за да заврши „лични работи“

Трансферот на Ерлинг Халанд во Манчестер Сити е веќе готова работа, откако норвешкиот голгетер ги договорил личните услови со премиерлигашот, а во текот на денот напаѓачот ја информирал екипата на Борусија Дортмунд дека заминува по завршување на крајот од сезоната. „Милионерите“ објавија дека Норвежанецот добил неколку слободни дена за да „заврши лични работи“, за што се шпекулира дека станува збор за лекарските прегледи и потписот на договорот со Манчестер Сити.

Клубот од Дортмунд ќе ја добие целата сума од 75 милиони евра одеднаш, а потписот ќе биде официјално објавен во следните денови. Сезонава Халанд постигна 28 голови и имаше 7 асистенции на 29 меча во сите натпреварувања. Се шпекулира дека Халанд ќе стане најплатениот играч во Премиерлигата со плата од 500.000 фунти неделно.

Борусија Дортмунд, пак, веќе работи на негова замена, а најблиску е Карим Адејеми, играчот на Салцбург и германски репрезентативец, кој ќе пристигне за сума од 38 милиони евра.

Се вчитува...