„Халанд стана товар за нас“

Ерлинг Халанд беше централна тема на летниот преоден рок, Норвежанецот потпиша договор со Манчестер Сити за трансфер вреден 60 милиони евра, а веќе почна да им се исплати на „граѓаните“.

Сепак, за Холанд нема убави зборови од Дортмунд, иако беше миленик на навивачите. Спортскиот директор на „милионерите“, Себастијан Кел, нема најдобро мислење за Норвежанецот.

„Колку што го ценевме, со се што направи за клубот, дефинитивно стана товар, и за соблекувалната и за клубот. Во суштина се се вртеше околу него. Токму поради оваа причина, дојде време да го продадеме, тоа беше добра работа за нас и за Сити. Тоа го потврдува и фактот што десет гола за нашиот клуб сезонава постигнаа десет различни стрелци“, изјави Кел

Се вчитува...