Борусија Дортмуд денеска од 15 часот и 30 минути го пречекува Аусбург во 16. коло од Бундеслигата, а на теренот се очекува да биде и Себастијан Халер. На голгетерот од Брегот на Слоновата Коска му беше дијагностициран рак на тестисите при што правеше операции и хемотерапии, а по надмнување на болеста се очекува и да дебитира во дресот на „жолтите“.
Халер за оваа прилика подготви и специјални копачи на кои пишува „F**k cancer“. Тој фотографијата ја објави на социјалната мрежа „Инстаграм“ и за јасната порака доби и бројни пораки на поддршка.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА