Евертон е блиску до постигнување договор за трансфер на Хамес Родригез, тврдат англиските медиуми. Колумбискиот интернационалец се мачи во Реал Мадрид затоа што тренерот Зинедин Зидан не смета на него. Тој одигра само осум натпревари во минатата сезона, а претходно беше на позајмица во Баерн Минхен. Зидан постојано се обидува да го продаде.

Родригез не ги оправда очекувањата по сеназационалниот трансфер вреден 70 милиони евра по одличното издание на Светското првнество во 2014 година. Главниот аргумент за потенцијалниот трансфер на Родригез во Евертон е менаџерот на клубот, Карло Анчелоти кој му беше тренер и во Баерн и во Реал. Евертон испратил понуда која Реал сериозно ја разгледува. За Хамес Родригез интерес има и од турскиот Галатасарај.