Хамес Родригез му се понуди на Јувентус

Колумбискиот интернационалец Хамес Родригез е заинтересиран за трансфер во Јувентус по завршувањето на сезоната. Тој пораката ја испрати преку својот татко, кој му е и фудбалски агент за преговори со заинтересираните клубови.

„Заминување во Италија ќе биде многу добра одлука за Хамес. Тој веќе не е среќен во Баерн Минхен. Ја разгледуваме сериозно опцијата за Јувентус“, изјави Вилсон Родригез.

Колумбиецот е на двегодишна позамица од Реал Мадрид, но Баерн Минхен одлучи дека нема комплетно да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната. Оваа сезона Хамес Родригез има одиграно 576 минути на 11 натпревари во Бундес-лигата во дресот на баварскиот клуб.

 

 

Се вчитува...