Хамиди: Скопје е во добра форма, но Шкупи на секој меч оди на победа

По домашната победа со минимални 1-0 против Тиквеш, Шкупи утре во 26. коло во Првата македонска фудбалска лига ќе игра против Скопје.

Во пресрет на утрешниот натпревар, напаѓачот Валид Хамиди говореше за официјална веб-страница на клубот.

„Нема да биде лесен натпревар утре против Скопје, тие се добра екипа која има мотив бидејќи до крајот ќе се бори за опстанок, а тоа го покажаа и на натпреварот против Академија Пандев. Верувам дека сме соодветно подготвени и продолжуваме да работиме за да ја оствариме нашата цел, иако на овој меч сме фаворит на хартија и ќе излеземе на терен за да победиме и да дојдеме до три бода, сепак мора да го почитуваме противникот“, изјави Валид Хамиди .

Натпреварот Шкупи – Скопје ќе се игра утре со почеток во 13 часот на стадионот во Автокоманда.

Се вчитува...