Марек Хамшик беше на чекор до трансфер во кинескиот Гвангжу РФ, откако газдите на овој клуб му понудија плата од 10 милиони евра по сезона, што е повеќе од двојно повисока заработувачка од она што капитенот на Наполи го добива во својот сегашен клуб. Се чинеше дека трансферот ќе се комплетира до крајот на месецов, но преговорите пропаднаа – откако Хамшик реши дека преселба во далечната Кина не е вистински потег за него и неговото семејство.
„Благодарам за понудата, но мене не ми е се во парите. Потребно ми е нешто повеќе од чекови и ветувања за трофеи. Сакам да почувствувам нешто во душата“ – изјави Хамшик, потврдувајќи дека нема кариерата да ја продолжи на Далечниот Исток.
За потсетување, 32-годишниот Хамшик последните 12 сезони ги мина во дресот на Наполи, стигнувајќи од редовите на Бреша во 2007. Тој има постигнато 116 погодоци во дресот на „наполитанците“, на вечната листа на стрелци прескокнувајќи го и големиот Диего Марадона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА