Хамшик потпиша за кинескиот Далијан

Словачкиот интернационалец Марек Хамшик по повеќе од една деценија го напушта Неапол и ќе се пресели во Кина. Тој потпиша договор со кинескиот клуб Далијан вреден 12 милиони фунти по сезона и заминува од „Сан Паоло“. Ова го потврди и тренерот Карло Анчелоти.

„Хамшик одлучи да побара нов предизвик во кариерата. Клубот има голем респект за се што тој направи за Наполи“, изјави Анчелоти.

Хамшик пристигна во Наполи во јули 2007 година и стана рекордер по бројот на настапи. Синоќа тој го одигра 520 натпревар во дресот на Наполи, а има постигнато 121 гол.

Се вчитува...