Новиот селектор на Белгија, Руди Гарсија се реши да го врати голманот Тибо Куртоа во репрезентација. Но, тоа му донесе големи проблеми, односно откажување од Коен Кастелс од репрезентацијата.
32-годишниот голман на Ал-Кадисија се реши да го напушти националниот тим, токму поради Куртоа.
„Тедеско беше во право. Мислам дека сите ќе се сложат дека црвениот тепих не беше поставен за Тибо“, изјави Кастелс.
На ова врати повратникот Куртоа.
„Разбирам дека е незадоволен што ја загуби позицијата во националниот тим. Секој си има право да си носи одлуки. Изрази некои критики, но мислам дека останатите играчи не го делат неговото мислење. Ако има некој нешто да ми каже, нека го стори тоа во лице“, изјави голманот на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА