Хаос во фудбалска Европа: И ЕУРО 2020 под знак прашалник – без фудбалерите од 12-те клуба бунтовници!?

Повеќе од сериозни проблеми за фудбалска Европа предизвика одлуката на 12 клуба-бунтовници кои најавија формирање на Суперлига и бегство од УЕФА Лигата на шампионите.

Шест англиски екипи, Арсенал, Челси, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед и Тотенхем, се согласија да се приклучат на новото натпреварување, покрај Милан, Интер, Јувентус, Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид.

УЕФА веднаш најави жестоки санкции за клубовите, а под знак прашалник сега е и Европското првенство 2020. Од УЕФА најавија дека нема да дозволат фудбалерите кои се членови на клубовите-бунтовници да бидат дел од националните тимови на Европското првенство. Меѓу нив и Роналдо, Модриќ, Де Бруине, Ван Дајк, Лукаку…

Во овој случај не е загрозена македонската репрезентација која нема ниту еден фудбалер во овие 12 клуба кои најавија формирање на своја европска Суперлига.

Се вчитува...