Индиските медиуми жестоко го нападнаа раководството на лигата во крикет кое упорно продолжува со одржување на првенството и покрај незапаметената криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.
Индија во моментов е најпогодената земја на светот со околу 400.000 новозаразени дневно и веќе 35.000 смртни случаи на ден. Крематориумите се преполно, па починатите буквално се палат на улиците, во пооделни паркови, болниците немаат кислород ниту останати ресурси за борба со пандемијата.
Токму поради тоа медиумите се разбеснети по одлуката натпреварот меѓу Рајаштан и Мумбаи во крикет да се одржи веднаш наспроти најголемата болница за ковид во Њу Делхи. Таа билница пред два дена буквално објави дека е на работ на колапс, а крикет натпреварите продолжуваат да се играат.
Шокантно делува и информацијата која денеска ја даде Владата на Индија, советувајќи ги граѓаните оние кои умреле од коронавирус од нивното семејство да ги кремираат во сопствените дворови. Во земјата која е втор најголем произведувач на вакцините, вакцинирани се само помалку од 2%.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА