Хаос во Лион, жестока навивачка тепачка: Мечот уште не е започнат

Инцидентите во европскиот фудбал продолжуваат и вечерва, на дуелот меѓу Лион и Бешикташ. Натпреварот од Лигата на Европа се уште не е започнат, поради голем хаос и жестока навивачка тепачка. Огромен број од фановите во моментот се наоѓаат на самиот терен, за да се спасат од насилството.

Навивачите на Бешикташ започнале тепачка со полицијата и обезбедувањето на стадионот во Лион, што потоа се претвори во огромен хаос. Натпреварот не е започнат и засега не е познато кога ќе се смират овие нереди…

lion so besiktas

Се вчитува...