Хаос во Лондон: Навивачите тргнаа да ги тепаат, газдите на Вест хем побегнаа од стадион

Вистински хаос се случи во второто полувреме од дуелот во Лондон меѓу Вест хем и Барнли, на кој домашните навивачи влетаа на теренот незадоволни од новото очајно издание на своите миленици. Фановите се обидоа бесот да го истурат врз челниците на клубот, Дејвид Саливан и Дејвид Голд, собирајќи се пред свечената ложа и обидувајќи се да го минат обезбедувањето.

Во целиот хаос капитенот Нобл влезе во конфликт со дел од навивачите, додека гостинските фудбалери дозволија деца да се симнат од трибините и да седнат на нивната клупа, во страв дека би можело да дојде до уште посериозен инцидент.

На крајот, двајцата газди на совет од обезбедувањето побегнаа од стадионот, но јасно е дека ситуацијата во таборот на „чеканите“ станува кошмарна за сите во клубот. Впрочем, поразот од 0-3 на домашен терен од Барнли е само уште еден доказ дека Дејвид Мојес нема решение за големата криза.

Се вчитува...