Хаосот продолжува: Алварез втор ден по ред не тренира со Атлетико

Трансфер-сагата околу иднината на Хулијан Алварез очигледно ќе трае до последниот ден од преодниот рок, Атлетико Мадрид синоќа преку соопштение објави дека бордот на директори едногласно изгласал воопшто да не се преговара со Барселона за Аргентинецот, воедно давајќи зелено светло за негово заминување во друг клуб надвор од шпанската Ла Лига.

Начелно беше постигнат и договор со Арсенал, но оваа опција падна во вода откако Алварез уште еднаш потврди дека нема намера да се врати назад во Премиер-лигата, каде настапуваше до пред неколку години во дресот на Манчестер сити. Тој уште еднаш ставил до знаење дека Барселона му е единствена опција во главата, продолжувајќи ја војната со управата откако брутално беше исвиркан од фановите по наредбата сам да се упати кон соблекувалната додека остатокот од тимот на теренот ги поздравуваше навивачите.

Алварез отиде и чекор напред, па веќе втор ден по ред не се појавува на тренинзите под водство на Диего Симеоне. Причина не е повреда, туку болест, па мадридските медиуми со многу сомнежи информираат дека голгетерот се пожалил дека не се чувствува добро и воопшто не излегол да работи со соиграчите.

Очигледно е дека војната е разгорена до максимум, па останува да се види дали некако ќе може да надвладее разумот и овој конфликт да биде разрешен бидејќи оваа ситуација не оди во прилог никому, ниту на клубот ниту на самиот фудбалер.

Се вчитува...