Хаосот во Палермо нема крај: Зампарини си го врати клубот назад за 10 евра

Хаосот во Палермо стана уште поголем откако поранешниот претседател Маурицио Зампарини повторно раководи со клубот, преку блиски соработници враќајќи го од британската компанија „Спорт Капитал Груп“ за само десет евра.

Зампарини во последните 12 месеци се жалеше дека веќе нема пари за да инвестира во клубоот, па како излез го продаде на британската компанија. Сепак, „Спорт Капитал Груп“ во соопштението објавено на клупската веб-страница објави дека нема намера да го откупи главниот дел од акциите, враќајќи му ги назад на поранешниот претседател.

Бидејќи Зампарини се наоѓа во куќен притвор за перење пари тој не може да биде сопственик на спортски клуб, па на хартија тоа сега е Даниеле де Ањели, кој важеше за десна рака за газдата на Палермо во последните неколку години.

Едно е јасно, хаосот во клубот на нашите Александар Трајковски и Илија Несторовски нема да се реши во блиска иднина, само нарушувајќи ја атмосферата во екипата во обидот да се избори влез во „Серија А“.

Се вчитува...