Хари Кејн е желбата на Гвардиола

Пеп Гвардиола ја продолжи соработката со Манчестер сити на уште две години, со што тимот од северозападна Англија и официјално го продолжи походот кон долго посакуваниот трофеј во Лигата на Шампионите. Во наредниот период соработката со клубот ќе ја продолжат и Кевин Де Бруин и Рахим Стерлинг, а се споменува и доаѓање на Меси на „Етихад“.

Желба за новиот „супер тим“ на Гвардиола е и Хари Кејн. Голгетерот на Тотенхем не е задоволен во тимот од Лондон и доколку оваа сезона не освои трофеј би можел да се пресели во редовите на Сити.

27-годишниот Англичанец оваа сезона игра одлично. На девет натпревари во Премиерлигата има постигнато седум голови, а оствари и девет асистенции, меѓу кои и една на саботното дерби против тимот на Гвардиола.

Се вчитува...