Хасани почна со лесни тренинзи

Капитенот на Шкендија, Ферхан Хасани, се врати на тренинг по речиси едномесечна пауза. Тој денеска почна со лесни тренинзи заедно со тимот, откако ја надмина повредата на бутниот мускул што ја заработи на реванш-четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија против Вардар во Тетово (4-0). Хасани ги пропушти репрезентативните активности и сигурно нема да биде подготвен и за саботниот меч против Ренова во првенството.

Стручниот тим на Шкендија се надева дека Хасани ќе успее да влезе во натпреварувачки ритам за реванш натпреварот против Ренова во полуфиналето на Купот на Македонија кој ќе се игра на 11 април.

Се вчитува...