Хау оптимист: Навивачите може да му простат на Исак

Во пресрет натпреварот помеѓу Њуксал Јунајтед и Ливерпул во 2. коло од Премиерлигата, шведскиот напаѓач Александар Исак останува топ тема за медиумите.

За неговата ситуација одново говореше тренерот на „црно-белите“, Еди Хау кој изрази желба тој да остане во тимот и да ги тресе противничките мрежи и оваа сезона.

„Тој има договор со нас, наш играч е. Го сакам 100 отсто во дресот на Њуксал. Мојата желба е да биде во составот во понеделник. Но, нема да биде и тоа е жално.

Мислам дека повторно може да изгради однос со навивачите. Мислам дека навивачите првенствено ќе реагираат на тоа како играчот ќе игра и што ќе му донесе на клубот. Секогаш постојат две страни на приказната. Мојата задача сега е да го поддржам Алекс и да се грижам за него“, изјави Хау.

Се вчитува...