Лех Познањ со 7-0 го совлада тимот на Тун во првиот меч од плеј-офот во Лигат на Европа, и речиси сигурно се пласира во групната фаза. Полскиот тим немаше милост кон швајцарскиот првак, и уште по првиот меч ги реши сите дилеми околу патникот во следната фаза.
Воедно, ова беше рекорден триумф во плеј-офот во Лигата на Европа во историјата.
И вториот полски тим Јагиелонија се пред пласман во групите во Лигата на Европа, откако со 4-0 ја совлада Иберија. Пред групна фаза се најде и тимот на Андерлехт, кој со 0-3 славеше на гостувањето кај Каират Алмати.
Бешикташ со убедливи 3-0 го совлада тимот на Кауно Жалгирис, а Салцбург славеше минимален триумф кај Мјалби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
