Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес е незадоволен од настапите на тимот во новата 2023 година во Бундеслигата. „Баварците“ и натаму немаат триумф, со три ремија и разочарувачка игра.
Баерн три пати одигра нерешено со Лајпциг, Келн и Ајнтрахт Франкфурт, и сите натпревари завршија 1:1. Клубот и натаму води на табелата, но сега е стигнат од ривалите и покрај тоа што имаше солидна предност по завршувањето на есенскиот дел.
„Резултатите на тимот во првите три натпревари ме разочараа. Со оглед на целите, очекувам значително подобрување. Јасно е дека на тимот му требаат засилувања“, изјави Хенес.
Баерн Минхен денеска треба да го комплетира трансферот на Жоао Кансело, а веќе одамна екипата бара напаѓач како замена за Левандовски, но никако не успева да го најде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА