Херера со гол за МТК се наметнува за повик од Ангеловски во мундијалските квалификации

Колумбиецот со македонски пасош, Себастијан Херера продолжува со одличните партии во дресот на унгарскиот МТК. Тој денеска во четвртфиналната победа на својот клуб од 1-2 беше стрелец на првиот погодок за тимот од Будимпешта.

Херера е поранешен фудбалер на Работнички, кој и тоа како е познат за селекторот Игор Ангеловски од времето кога ги предводеше „романтичарите“.

Јасно е дека Херера е уште една повеќе од добра опција за македонската репрезентација, исто како и неговиот соиграч од нападот на МТК, Бојан Миовски, кој игра извонредно во унгарскиот шампионат, посебно ако се знае дека поради пандемијата со коронавирус и ограничувањата во Европа, ФИФА ги ослободи клубовите од задолжителното пуштање на играчите за националниот тим во март.

Се вчитува...