Хернандез од Аргентина победи на 35-тиот Охридски маратон, Поп Ацев на третото место

Матијас Диаз Хернандез од Аргентина победи на 35-тиот Охридски маратон и го одбележа еден од најголемите спортски настани кои се одржуваат во Македонија.

Хернандез патеката од „Климе Савин“ до Свети Наум ја мина за време од пет часа, 50 минути и 30 секунди. Втор низ целта мина Франческо Гетини од Италија, инаку победник на едно од претходните изданија.

Македонскиот претставник Евгениј Поп Ацев целта ја мина како третопласиран (5:21:03 минути), додека по него и заврши вториот македонски учесник Александар Илиевски (6:16:16 минути).

Се вчитува...