Поранешниот кошаркарски репрезентативец Милан Гуровиќ се најде во центарот на вниманието на српската јавност, откако со херојска реакција спаси човек од сигурна смрт во близина на центарот на Белград.
Имено, Гуровиќ со својот автомобил се враќал дома кога возилото пред него неочекувано свртело и се запрело неколку метри крај екс-кошаркарот.
Автомобилот неколку секунди подоцна се запалил, по што Гуровиќ експресно реагирал, успевајќи да го извлече возачот од него. Возилото за само триесетина секунди целосно изгорело, а легендарниот кошаркар ги собира пофалбите од јавноста за спасениот човечки живот…
„Секунди беа во прашање, а Гуровиќ реагираше на најдобар можен начин, спречувајќи сигурна смрт на возачот ако останеше уште кратко во автомобилот“, истакнаа очевидци на настанот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
