Марко Пејчиноски направи огромен подвиг со препливувањето на Охридското езеро, иако ова 12-годишно момче се соочува и со здравствени проблеми поради инфаркт на долните екстремитети од пред извесен период. Малиот Марко ги крена охриѓани на нозе, а потоа скромно ги искажа првите импресии од повеќечасовната битка со брановите.
„Не очекував да биде толку лесно. Сега кога пристигнав чувствувам замор, но во водата од езерото ми беше супер“ – беа првите зборови на новиот охридски херој, пренесени од “ohridnews.com”
Пејчиноски на целта го пречека Дики Бојаџи, легенда на македонското пливање.
„Ова дете ни одржа спортска лекција на сите и ни покажа како треба да се користи езерото. Наназад педесет години никој охриѓанец не го препливал Охридското езеро, затоа треба да се слави името на Марко. Честитки до детето и фамилијата која сигурно му била најголема поддршка“ – рече Бојаџи.
фото: ohridnews.com
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА