Хет-трик на Андонова за 13 минути во дресот на Барселона

Наташа Андонова одигра извонреден натпревар во дресот на Барселона во полуфиналето од Купот на Каталонија против Пардинјес, што каталонскиот гигант го реши во своја корист со убедливи 7-0.

Во главна улога беше токму македонската фудбалерка, која постигна хет-трик во рок од 13 минути (од 51. до 63. минута), уште еднаш покажувајќи ги своите вонсериски квалитети.

Конкуренцијата во тимот на Барселона е огромна, но Андонова со вакви настапи јасно става до знаење дека во секое време може да се смета на нејзината помош во атакот на што повеќе трофеи во новата сезона.

Се вчитува...