Хет-трик на Гнабри, гол и на 17-годишниот Тел, Баерн го „здроби“ Вердер (ВИДЕО)

Баерн Минхен славеше убедлива победа против Вердер Бремен од 6-1 во 14. коло од германската Бундеслига, на тој начин зголемувајќи ја предноста пред ривалите во шампионатот.

Серж Гнабри запиша хет-трик носејќи го своојот тим до триумф на мечот во кој шестиот гол беше дело на 17-годишниот Французин Матис Тел.

Џамал Мусиала го отвори резултатот уште во 6. минута, по што во 10. минута Вердер се враќа во игра и преку Ентони Јунг. Но, потоа Баварците го сомлеа противникот, па за само шест минути постигнаа три гола, и тоа преку Гнабри, Горецка и Сане.

Последните два гола беа постигнати во завршницата, откако Гнабри во 82. минута доби одлична асистенција и го комплетираше хет-трикот, а подоцна Матис Тел во 84. минута стрелаше за конечни 6-1.

На останатите два натпревари вечерва Штутгарт ја победи Херта со 2-1, а Бохум триумфираше со идентични 2-1 против Менхенгладбах.

Се вчитува...