Хибернијан поразен дома на „генералката“ пред Шкендија

Хибернијан со пораз ја стартуваше новата сезона во шкотската Премиер-лига, во мечот што беше „генералка“ за овој тим пред натпреварот со Шкендија во рамките од третото квалификациско коло за Лигата на Конференции.

Фудбалерите на Хибернијан попладнево го пречекаа Мадервел, дуел што по голема борба го загубија со 1-2. Гостите први поведоа од пенал во 40. минута, но Хибернијан израмни преку Бојл, исто така од белата точка во 56. минута.

При 1-1 Хибернијан не искористи неколку убави шанси за целосен пресврт, а казната стигна на пет минути до крајот, кога Хаид го матираше домашниот голман и му донесе три бода на Мадервел.

Првиот меч Шкендија патува во Шкотска во Единбург на 6. август, додека реваншот е на 13. август во Скопје.

Се вчитува...