Хименез се надева дека наскоро ќе се врати на терен

Фудбалерот на Вулверхемптон, Раул Хименез по дуелот со Давид Луиз на натпреварот против Арсенал се здоби со тешка повреда на главата при што мораа да интервенираат медицинските лица од двете екипи, а потоа беше и префрлен во болница каде му претстоеше операција на черепот.

Набргу по операцијата, клубот излезе со соопштение дека играчот се наоѓа во добра состојба, но ќе мора да помине уште неколку дена во болница, а сега се огласи и самиот Мексиканец.

„Благодарам на сите за поддршката. Ќе останам на наблудување и се надевам дека наскоро ќе се вратам на теренот“ – објави фудбалерот на Вулверхемптон на својот Твитер профил.

Се вчитува...