Хит-одговор на Џеко пред мечот со Реал: „Би го менувал со Мурињо…“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид и Шалке 04 утре ги очекува пријателски натпревар, преку кој и двата тима влегуваат во завршна фаза од подготовките за новата сезона.

Секако, Реал Мадрид е фаворит, но тоа е пријателски натпревар на кој Шалке исто така ќе се обиде да се наметне.

Токму Един Џеко е во центарот на вниманието пред мечот поради одговорот што го даде на прашање пред натпреварот против Реал Мадрид.

На прашањето со кои играчи на Реал Мадрид би сакал да го размени дресот по натпреварот, репрезентативецот на Босна и Херцеговина категоричен:

„Не би го менувал со играч. Би го менувал со Мурињо. Но, бидејќи нема дрес, тогаш би ја земал неговата мачика“, рече Џеко со насмевка.

Се вчитува...