Хјустон е незапирлив кога ќе се разиграат Харден и Вестбрук

Хјустон одигра одличен натпревар триумфирајќи над Бостон со 116-105, прекинувајќи ја серијата од седум победи над Бостон во својот последен меч во пресрет на олстар-викендот. Џејмс Харден повторно беше извонреден со 42 поени и седум асистенции, а најдобриот стрелец во лигата овојпат имаше и одлична помош од Расел Вестбрук, кој реализираше 36 поени, надополнети со 10 скока и 5 асистенции. Бостон на полувреме имаше два поени предност, гостите парираа се до последните шест минути, кога „ракетите“ успеаја да се одлепат и да стигнат до заслужен триумф.

Интересно беше и во Филаделфија, каде домаќините по голема битка славеа над ЛА Клиперс со 110-103. Бен Симонс оствари трипл-дабл од 26 поени, 12 скокови и 10 асистенции, а одличен меч имаше и центарот Ембид, остварувајќи дабл-дабл од 26 поени и 10 скокови.

Зајон Вилијамсон беше во елемент и постигна 31 поен во победата од убедливи 138-117 на Њу Орлеанс над Портланд, меч на кој Демијан Лилард беше запрен на само 20 поени.

Резултати НБА:

Филаделфија – ЛА Клиперс 110-103, Вашингтон – Чикаго 126-114, Њу Орлеанс – Портланд 138-117, Оклахома – Сан Антонио 106-114, Хјустон – Бостон 116-105.

Се вчитува...