Хокеарите на САД преку Словачка до четвртфинале во Пјонгчанг

Хокеарската репрезентација на САД се избори за четвртфинале на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Американците синоќа славеа против Словачка со убедливи 5-1 на тој начин закажувајќи дуел со Чешка која директно обезбеди пласман во оваа фаза од натпреварувањето.

По првиот период немаше голови на мечот, но Американците многу брзо во вториот период дојдоа до водство од 2-0. Прво Донато погоди а потоа и Вишњевски. Во 14. минута од вториот период Арчобело зголеми на 3-0, по што Словаците намалија на 3-1 за малку надеж.

Но, во последната третина Американците преку Рое и Донато само ја запечатија високата победа од 5-1.

Се вчитува...