Хокеарите на Словенија по продолжение елиминирани од Норвешка во осминафиналето

Хокеарите на Словенија се елиминирани на ЗОИ во Пјонгчанг, откако во осминафиналето по продолжение загубија од Норвешка со 2-1.

Голот за Словенија го постигна Урбас во првата третина, но Норвешка израмни во последниот период. Следеше продолжение во кое херој на Норвешка беше Бонсаксен кој го постигна победничкиот гол.

Во четвртфиналето Норвежаните ќе се сретнат со Русија.

Во четвртфиналето веќе се пласираа и Шведска, Канада, Чешка и САД, а денеска се играат уште два осминафинални дуели: Финска – Јужна Кореја и Швајцарија – Германија.

Се вчитува...