Хокеарките од Финска си закажаа полуфинале со САД

Хокеарките на Финска ќе играат во полуфиналето на ЗОИ 2018 во Пјонгчанг против селекцијата на САД откако во четвртфиналната пресметка славеа против Шведска со 7-2.

Финска на тој начин и се реваншираше на Шведска за поразот во четвртфиналето на Игрите во Сочи.

Хокеарките на Финска и САД веќе се сретнаа на Игрите во Пјонгчанг, победувајќи ги Американките со 3-1.

Во полуфиналето се пласираа и Русинките, кои со 6-2 ја победија Швајцарија. Русија во битката за финале ќе се сретне со Канада.

Се вчитува...