Хорхе Сампаоли е нов тренер на Марсеј

Андре Вилаш-Боаш реши да се повлече од клупата на Марсеј, откако клубот донесе играч што тој не го сакаше. Португалскиот стручњак на почетокот на овој месец објави дека поднесува оставка затоа што Марсеј го донесе Оливер Нтчам од Селтик на последниот ден од преодниот рок, па тој рече дека таков играч не му е потребен.

Откако Нтчам беше претставен како нов фудбалер на францускиот клуб, Вилјаш-Боаш ја најави својата оставка. Челниците на Марсеј сакаа да го донесат Маурицио Сари за нов тренер, но тој ја одби понудата на клубот.

Синоќа беше објавено дека Марсеј има нов тренер и дека оваа екипа ќе ја преземе Хорхе Сампаоли. Аргентинецот ќе го потпише договорот за соработка до летото 2023 година, а официјално ќе биде претставен во наредните денови.

Се вчитува...