Хорор на СП во Будимпешта: Пливачка се онесвести во базен, едвај и го спасија животот (фото)

Страшна случка го одбележа вчерашниот ден од СП во пливање откако Американката Анита Алварез колабираше во базенот за време на настапот во уметничко пливање.

Таа загуби свест и веднаш потона, и животот и го спаси нејзината тренерка, која забележа дека нешто не е во ред, веднаш скокна во водата и го извади телото на Алварез, по што лекарите крај базенот успеаја да ја вратат во живот.

Страшни сцени, но за среќа беше избегната огромна трагедија.

Се вчитува...