Хорор-повреда на „кралот“ Рендолф

Реал Мадрид прескапо ја плати победата во Атина над Олимпијакос, поради тешката повреда што ја заработи Ентони Рендолф, за кого оваа сезона предвреме заврши.

Американецот со словенечки пасош мораше предвреме да го напушти теренот, веднаш беше јасно дека проблемот е сериозен, но дталните прегледи ги шокирале „кралевите“ – станува збор за кинење на тетивата, што значи дека Рендолф не само што ќе биде „во аут“ до крајот на оваа, туку и ќе го пропушти стартот на новата сезона.

Врз одличниот крилен кошаркар наскоро ќе биде извршен хируршки зафат, а според првичните прогнози паузата на Рендолф од терените ќе изнесува околу десет месеци.

Реал неодамна остана без Кампацо, кој замина во НБА-лигата, сега ќе мора да се снаоѓа и без Рендолф, па голема е веројатноста дека „кралевите“ ќе тргнат во шопинг доколку сакаат да се вмешаат во борбата за трофеите оваа сезона.

Се вчитува...