Жоао Кансело и неговото семејство преживеале хорор во текот на вчерашниот ден, откако група разбојници влегле во нивниот дом во Манчестер.
Дефанзивецот на Сити се обидел да им се спротивстави, но тоа придонело само да биде истепан од крадците, пред очите на неговата сопруга и децата.
„За жал, бев нападнал од четири кукавици кои ме повредија и сакаа да ми го повредат семејството. Кога ќе им се спротивставите, ова се случува. Го зедоа целиот мој накит и ме оставија во ваква состојба. Не знам какви луѓе се тоа, но за мене е најважно што јас и моето семејство сме во ред“, објави Кансело сопствена фотографија со модринки по лицето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА