Холандскиот фудбал рано утрово е потесен од голема трагедија, откако 16-годишниот фудбалер на Ајакс, Ноа Гесер, го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа во близина на Утрехт.
Гесер важеше за ново „чудо од дете“ на Ајакс, во новата сезона требаше да настапува за младинскиот тим на холандскиот гигант, а за максимум две години беше предвидено да биде прекомандуван и во првата екипа.
Страшната несреќа се случила откако возилото во кое се наоѓал фудбалерот минало во спротивна насока и директно се судрило со такси-комбе. Заедно со Гесер на лице место починал и неговиот брат, додека возачот на таксито се здобил со повреди, но не се наоѓа во животна опасност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА