Хорор за Ливерпул – тешка повреда и на Џо Гомез

Неверојатната криза со одбранбени фудбалери на Ливерпул уште повеќе се продлабочи денеска, откако Џо Гомез се приклучи на долгата листа на повредени играчи на кои Јирген Клоп нема да може да смета во наредниот период.

Гомез се повреди на утринскиот тренинг на англиската репрезентација, а весникот „Дејли Мејл“ информира дека станува збор за сериозен проблем. Според непотврдените информации што весникот ги има од таборот на „гордиот албион“, станува збор за повреда на коленото на дефанзивецот, а повеќе детали се очекуваат по извршените лекарски прегледи.

Само за потсетување, Клоп до крајот на сезонава нема да може да смета на својот најдобар дефанзивец, Вирџил ван Дајк. Фабињо, кој го менуваше Ван Дајк во одбраната, исто така заработи повреда на мускулот, а на последниот премиерлигашки дуел со Манчестер Сити настрада и десниот бек Александер Арнолд, кој ќе отсуствува еден месец од терените.

Се вчитува...