Дастин Поарие излезе како победник од долго очекуваната борба со Конор Мекгрегор, која заврши неславно за ирскиот УФЦ борец. Конор во пресрет на борбата често го провоцираше противникот, упатувајќи бројни навреди кон него, но не беше во можност да ја заврши денешната борба откако заработи скршеница на скочниот зглоб.
Поарие трпеливо ја чекаше својата шанса, во неколку ситуации упати силни удари кон Мекгрегор, кој се мачеше да остане на нозе. На крајот, тој ја свитка ногата во обид за маневар, заработувајќи скршеница, по што на носилка беше изнесен, а победата му припадна на Поарие.
„Овој тип овде, тој е нечист човек. Кармата е к..ва, таа е огледало за она што го правите во животот“, порача победникот по борбата.
Connor McGregor Broke His Ankle During UFC 264 Match😭😭😭
pic.twitter.com/9cQW4gujPP— Lil Book (@muslimbooker) July 11, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА