Хоселу: Сонував за моментот кога повторно ќе го облечам дресот на Реал Мадрид

Реал Мадрид замената за Карим Бензема ја најде во репрезентативецот на Шпанија, 33-годишниот Хоселу за кој овој трансфер воедно значи и враќање на добро познато место каде настапуваше на стартот на својата кариера.

Хоселу беше дел од Реал Мадрид од 2009 година каде се пресели од Селта, но најчесто настапуваше во вториот тим, а шанса за првиот тим доби на само еден натпревар. Во меѓувреме настапуваше и за Штутгарт, Ајнтрахт, Хановер, Стоук, Депортиво, Њукасл, Алавес и Еспањол, а сега има втора сезона да докаже дека местото му е на „Сантијаго Бернабеу“.

„За овој момент сонував откако заминав. Премногу сум возбуден. Сите знаеме какво ниво покажа Карим за овој клуб, но јас сум тука да помогнам на друг начин. Ќе дадам се за овој клуб, тој е клубот на мојот живот. Кога излегуваш на терен, посебно на Бернабеу сакаш да постигнеш што повеќе голови“, изјави Хоселу на претставувањето.

Се вчитува...