Христијан Пецов прво засилување за Македонија ЃП

Освојувачот на куп титулата во Македонија и претставник во Конференциската лига следната сезона, Македонија Ѓорче Петров го претстави првото засилување за новата сезона.

Се работи за искусниот одбранбен играч Христијан Пецов. Пецов во Ѓорче Петров доаѓа од редовите на Скопје каде играше во минатата сезона. Ова е втор мандат за Пецов кај „лавовите“ откако претходно во клубот од Ѓорче Петров беше во 2020 година.

Покрај Ѓорче Петров и Скопје, десниот бек во кариерата беше дел и од Работнички.

 

Се вчитува...