Христо Ковачи со нови тркачки предизвици во 2022 година (ФОТО)

Тркачката сезона во класата “микромакс” за Христо Ковачи во 2021 година заврши со вкупно 27 трки.
„Сакам да се заблагодарам на моите родители кои секогаш во се што правам се со мене, целата јавност и сите мои следачи и поддржувачи, медиумите, моите другари и секако мојот единствен спонзор Мамас кој цела сезона ми даде безрезервна подршка“, вели Ковачи.
Во Централната Европска Зона од вкупно 33 натпреварувачи Христо е 8- ми, во Австрискиот шампионат 16- ти, во Спорт Стил Купот 8-ми, во Српскиот Шампионат 3-ти, но поради промени во раководството на Српската федерација не се рализира во целост шампионатот за класата микромакс.
„Цела година за нас беше исполнета со многу патувања, нови предизвици, нови другарства, нова стаза и убави моменти кои ќе останат за нас.Постигнатите резултати беа очекувани и задоволни сме што целиот труд резултираше со напредок и подобрување на вештините за возење кај Христо“, велат од неговиот тим.
Оваа тркачка сезона започна со прва трка во Италија и заврши во Словенија.
„Зедовме учество во РМЦ Австрија, ЦЕЗ Централна Европска Зона, Српскиот Шампионат и ССЦ Спорт Стил Купот. Вкупно беа предвидени 11 тркачки викенди или 33 трки вкупно од кои 6 трки беа откажани од организаторите а се оддржаа вкупно 27“, дополнуваат тие.
Покрај успесите Христо немаше посериозни инциденти освен една незавршена трка поради технички дефект на моторот, и за жал 9 пропуштени трки од здраствени причини поради кои беа испуштени најмалку 3-4 позиции во генералниот пласман.
„Следната година Христо ќе има нов и уште посериозен предизвик. Според неговата возраст и тоа како се поделени класите на натпреварувачите, треба уште две сезони да биде во оваа класа, но поради висината и килограмите ќе мора да оди во поголемата класа. Таа класа е составена пред се од поголеми, далеку позрели и поискусни натпреварувачи и веројатно Христо ќе биде најмал меѓу најголемите. Сепак ова ќе биде мотив за нас за повеќе тренинзи и можност да се надогради себе си справувајќи се со своите конкуренти“, велат од неговиот тим.
Во наредниот период ќе биде објавен календарот на трки според кој ќе се види во  кои шампионати Христо ќе учествува идната 2022 година.
„Сепак останува особено важно да учествува во шампионати каде ќе има повеќе натпреварувачи во неговата нова класа со цел стекнување поголемо искуство, знаење и подобрување на неговите вештини за возење“, додаваат од неговиот тим.

Се вчитува...