Христов: Ќе ни биде потребно време за воигрување, но во Битола одиме на победа

По завршување на подготовките во Анталија за продолжението од Првата фудбласка лига, шефот на стручниот штаб на Работнички, Борче Христов вели дека тимот е подготвен за новите предизвици и покрај тоа што зимскиот преоден рок донесе значителни промени во ростерот на „романтичарите“.

Како што вели Христов, потребно ќе биде време за адаптација на новите фудбалери, но на гостувањето во Битола против Пелистер скопскиот состав ќе оди на победа.

„Одработивме квалитетни подготовки, а во зимскиот преоден рок имаше значителни промени во составот. Верувам дека Работнички е добро подготвен за пролетниот старт, иако ние тренерите секогаш велиме дека е потребно уште малку време за добро воигрување. Но, пролетниот дел од првенството стартува и ќе треба да одговориме на предизвикот. Стартот е секогаш многу значаен, а бодовите им се многу потребни и на Работнички и на Пелистер. Ќе биде тежок натпревар, но очекувам позитивен исход за нас“вели шефот на стручниот штаб, Борче Христов.

Се вчитува...