Хрватите ја растурија Грција на „Максимир“

Фудбалската репрезентација на Хрватска обезбеди убедлива предност (4-1) против Грција по првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство во Русија, што вечерва се одигра на стадионот „Максимир“ во Загреб. Хрватите продолжија да играат одличен фудбал под водство на новиот селектор Златко Далиќ и имаат убава залиха во пресрет на реваншот што по три дена ќе се одигра во Атина.

Лука Модриќ од пенал ја доведе Хрватска во водство од пенал во 13.минута, а шест минути подоцна Никола Калиниќ зголеми на 2-0. Сепак, Сократис намали веќе во следниот напад, откако погоди со удар со глава по корнерот од левата страна.

Иван Перишиќ во 33.минута повторно и донесе на Хрватска два гола предност. Во второто полувреме, по една грешка на гостинската одбрана, Крамариќ го постигна и четвртиот гол за „коцкестите“ на овој меч, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Се вчитува...