Хрватот Павиќ, нов бек во Шкендија

Хрватскиот интернационалец Антонио Павиќ е најновото засилување за Шкендија откако тетовци на една седмица пред стартот на новата сезона го комплетираа трансферот на овој дефанзивец.

Станува збор за 25-годишен фудбалер кој настапува на позицијата лев бек, каде тетовци беа најтенки во пресрет на почетокот на новата прволигашка сезона. Павиќ е роден во Франкфурт, Германија, но овој фудбалер ги мина сите младински селекции на Хрватска. Неговата кариера сепак не се движеше во посакуваната насока, па по настапите за Копер и за Осијек, Павиќ последните две сезони ги мина во шампионатот на БиХ настапувајќи за Железничар, од каде пристигнува во Шкендија.

Хрватот од утре би требал и официјално да почне со тренинзи со новите соиграчи, а доколку набрзина се адаптира тој би можел да настапи за Шкендија веќе во првото коло наредниот викенд, на гостувањето против Шкупи.

Се вчитува...